Повеќе од 4 часа континуирано гледање на серии или филмови е штетно за срцето и крвните садови

Холандски истражувачи ги споредувале здравствените податоци од луѓе кои поминуваат во просек 2,8 часа пред екранот и од оние кои поминуваат повеќе од четири часа дневно. Разликите биле очигледни.

Деновиве, заради актуелната ситуација повеќе од нормално се поминува време пред ТВ или компјутер и постојано се гледаат филмови и серии. Научниците советуваат времетоа да се намали.

Поточно, истражувачите од Универзитетот во Гронинген дошле до заклучок дека прекумерното гледање на филмови и серии можат да го зголемат ризикот за развој на корорнарна артериска болест.

Ниек Вервеј и неговите колеги од колеџот го скенирале генетскиот код на 422.221 лица во Велика Британија на возраст меѓу 40 и 69 години и идентификувале 169 генетски аномалии поврзани со седење, од кои 145 биле поврзани со прекумерно гледање телевизија. 36 од нив биле поврзани со прекумерна употреба на компјутер, а остатокот биле различни преклопувања.Оние кои поминувале повеќе време пред екранот, исто така биле повеќе склони кон развој на кардиоваскуларни заболувања.

Користејќи ги статистичките методи, истражувачите споредиле податоци од луѓе кои минуваат во просек 2,8 часа пред екран и од оние што го прават тоа 4 часа на ден или повеќе. Оние што поминуваат повеќе време пред екранот, исто така, се покажа дека се повеќе склони кон развој на кардиоваскуларни заболувања. Во исто време, истото не можеше да се идентификува кај луѓе што седат пред компјутер.

Притоа, авторите се оградуваат од добиените резултати затоа што луѓето сами го пријавуваа времето поминато пред екраните, што може да биде неточно.

Тие посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се прошири анализата на тотално седечки, физички активности и однесување во спиењето.

Претходна Сестрата на Неимар ги хипнотизира своите фанови
Следна Врвните технологии кои ги има Ultra Vision Leica камерата на Huawei P40 Pro

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!