Потребни се 13 сексуални односи во месецот за забременување

Според студијата што ја објавиле во Њујорк Пост, потребни се 13 сексуални односи во месецот за да постигнете бременост. Се вели дека паровите во просек имаат 78 сексуални односи пред да дојде до зачнување. Според студијата, потребно е да поминат 185 дена редовен секс за паровите да се надеваат на позитивен тест за бременост.

Интересно е да се истакне дека најоптималната поза за забременување е мисионерската, и неа ја користат 3/4 од паровите.

Истражувањето што било спроведено на 1194 родителски парови, покажало дека половина од паровите имаат сексуални односи многу повеќе од нормално при обидите за забременување. Исто така од истражувањето се гледа дека 5% од паровите изјавиле дека имале сексуален однос еднаш во месецот, но сепак успеале да забременат.

Една третина од жените во истражувањето изјавиле дека се задоволни од тоа што при обидувањето да забременат имале повеќе секс, додека 51 процент од мажите го имаат тоа мислење.

Осумнаесет проценти од испитаниците изјавиле дека поинтензивното практикување секс при обидите за забременување им преставува напор, а не задоволство, а 43% од паровите изјавиле дека чувствувале психички притисок и оптоварување ако после обидите за забременување и практикување незаштитен секс, не добиле позитивен резултат.

Сепак, ако се сумираат резултатите од испитувањата, покажуваат дека упорноста и поголемиот број сексуални односи даваат поголем процент на успешност во забременувањето.

Претходна Natalia Vodianova
Следна Витамини и минерали кои ублажуваат настинка и грип

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!