Марк Вебер го тестираше новото Porsche 911 GT2 RS Clubsport

Бившиот возач на Формула 1, Австралијанецот Марк Вебер ја доби можноста на тркачка патека да го проба Porsche 911 GT2 RS Clubsport.
Porsche 911 GT2 RS Clubsport е модел кој е изработен во само 200 примероци.
Марк Вебер го тестираше 911 GT2 RS Clubsport на патеката Mount Panorama во Батхрст. Ова е негово прво возење на оваа патека по 24 години, бидејќи последен пат возел на неа во 1995 година кога се натпреварувал на шампионатот на Формула Форд.
Вебер не ја криеше возбудата од перформансите на 911 GT2 RS Clubsport и додаде дека се работи за чистокрвен автомобил за тркачка патека.
Возењето беше интензивно, иако Вебер не ја притискаше педалата за гас до максимум, а на рамната делница на патеката е регистрирана максимална брзина од 296 km/h.
Clubsport не е единствениот тркачки автомобил базиран на 911 GT2 RS (991.2), бидејќи неодамна се појави новиот модел 935 Moby Dick. Овој модел е поексклузивен од Clubsport и е направен само во 77 примероци.

Претходна Red Bull Air Race по дванаесетти пат почнува од Абу Даби
Следна Huawei со помош на вештачка интелигенција ја заврши Недовршената симфонија на Франц Шуберт

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!