Милан поднесе тужба поради расистички испади на навивачите на Лацио

Раководството на Милан поднесе тужба до Фудбалскиот сојуз на Италија за расистички навреди од навивачите на Лацио на натпреварот одигран минатиот викенд.

Тимуе Бакајоко и Франк Кеси по натпреварот поднесоа жалба дека биле цел на погрдни и расистички повици од навивачите на Лацио, и бидејќи барале од клубот да покрене постапка, челниците на Милан на крајот го сториле тоа.

“Некои навивачи на Лацио ме навредија мене и Кеси. Горди сме на својата боја на кожа и веруваме дека ќе се направи се за да се идентификуваат”, изјави Бакајоко.

Лацио со години имаше големи проблеми поради своите навивачи кои прават инциденти речиси секоја недела, без разлика дали се домашни или гостински натпревари.

“Наша морална должност е да пријавиме каква било форма на дискриминација. Фудбалот и неговите институции мора да се согласат да ги искоренат ваквите појави”, изјави извршниот директор на “росонерите”, Иван Газидис.

Да потсетиме, Милан минатиот викенд славеше против Лацио со резултат 2: 0, а головите ги постигнаа Леао и Ибрахимовиќ.

Претходна Прототипот на Порше 959 има богата историја и е одлична можност за колекционерите
Следна HUAWEI претстави нова палета на производи во Виена

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!