Новак Ѓоковиќ по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот

 

Новак Ѓоковиќ вечерва е по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот и ја доби наградата Лауреус.

Конкуренција му беа Лука Модриќ, ЛеБрон Џејмс, Килиан Мбапе и Луис Хамилтон.

“Нелсон Мандела убаво рекол дека спортот говори со универзален јазик и дека има моќ да го смени животот на многу млади луѓе. Фондацијата Лауреус го прави токму тоа. Ги отстрануваат препреките со кои се сретнуваат младите луѓе и им помагаат да се снајдат и да го најдат своето место во спортот. Заради тоа многу млади луѓе се пронаоѓаат во спортот и можат да се поистоветат со борбата на своите спортски херои”, изјави Ѓоковиќ на црвениот килим пред доделувањето на наградата.

Новак ја освои оваа награда и во 2012, 2015 и 2016 година.

 

Претходна Зидан би го преземал Челзи доколку му бидат исполнети три барања
Следна Valkyrie Project ќе биде најголемата јахта на светот

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!