Subaru STI модели на саемот на автомобили во Токио

Од Subaru подготвуваат нешто големо и важно за саемот на автомобили во Детроит, но решија да прикажат нешто ново и на саемот во Токио.
Тоа се два нови концепти за моделите Forester STI и Impreza STI.
Иако на прв поглед STI за Forester ни нема логика, сепак од Subaru решија на овој теренец да му дадат спортски дух. Овој концепт е подготвен за сериско производство. Од спортските делови на STI се доби комплетен сет на аеродинамички додатоци, прекрасната Fighter Grey боја, 19 инчни гуми и моќни шестоклипни кочници на предните тркала.
Другиот концепт од Subaru е базиран на Impreza и ќе биде наменета само за пазарот во Јапонија.  STI верзијата на овој автомобил опремена е со серија на специјални компоненти и внатре и надвор. Доби комплетен аеродинамички сет, како и неколку визуелни промени.
Овие два STI модела со сигурност ќе привлечат големо внимание на автосаемот во Токио.

Претходна Американецот Колин О'Брејди е првиот човек што сам го поминал Антарктикот
Следна Французин тргна на пат преку Атлантскиот Океан во буре

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!