Штрумфовите ќе наполнат 60 години

Штрумфовите се мали, сини ликови, со кои пораснаа многу генерации. Ги чекавме со радост во 19:15 секој ден од неделата. На утрешен ден 23 октомври само во 1958 година, малите сини јунаци ќе се појават како споредни ликови во стрипот „Johan et Pirlouit“.
Значи утре тие ќе го прослават својот шеесетти роденден.
Нивниот творец, познат под уметничкото име (Peyo), е белгискиот цртач Пјер Калифорд. Иако почнаа како споредни ликови, нивниот креатор сепак решава да им направи свет во кој ќе ја имаат главната улога и нивни авантури. Низ годините децата растеа со прекрасните и поучни авантури на малите сини штрумфови.
Пресвртницата во нивната популарност стигна во 1975 година со филмот „Штрумфовите и волшебната флејта“. Во 80-тите години од минатиот век, тоа беше надградено со ТВ серија од 270 епизоди која освои многу Emmy награди.
Денес ги знае речиси секое дете, и тоа не само во Европа туку и многу пошироко.
По смртта на Пјер Калифорд во 1992 година, светот на штрумфовите го продолжуваат неговата жена, ќерка и неговиот син. Благодарение на тоа, штрумфовите, освен во Европа, се популарни и во Кина, Индија, Русија и Латинска Америка. Индустријата поврзана со штрумфовите годишно прави заработка поголема од една милијарда евра.
Во светот предизвикаа вистинска штрумфоманија и немаше детска соба која не беше закитена со некој сувенир поврзан со „сините жители на шумата“.
Штрумфовите за својот успех можат да се заблагодарат на страста на нивниот автор. Пејо животот го посветил на цртање на тие симпатични суштества. Вероник Калифорд денес вели дека нејзиниот татко од своето детство најмногу го помни на масата за цртање. „Беше опсесивен, сакаше да има контрола над целиот процес“, објаснува Вероник.
До смртта постојано работел нови цртежи, смислувал сцени и сценарија. Наводно, од неговите помошници барал да легнуваат на земја покрај шумата кај Брисел со цел да го видат светот од штрумфска перспектива.
И денес, како некогаш, стриповите прво се скицирале на хартија. Дури потоа цртачите ги усовршувале ликовите со помош на компјутерски програми. Работат во мала канцеларија лоцирана јужно од Брисел и се трудат да ги цртаат Штрумфовите што е можно послично на оригиналите на Пејо.
Вероник тврди дека на нејзиниот татко најдраг му бил ликот на Schtroumpf Farceur (Штрумф Вицко), кој на другите им даваше подароци кои експлодираа. Омилена на Вероник, нормално, била Штрумфета, изворно единственото женско штрумфче меѓу мнозинството машки.
Уште една причина за нивната долговечност е прилагоденоста на модерните времиња (дигитализација, „блуреј“ снимки и слично). Денес штрумфовите се достапни насекаде, во секое време.

Претходна Првиот тунел на Илон Маск
Следна Пропадна договорот на Усаин Болт со Central Coast Mariners

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!