Црква во Фулам претворена во луксузен дом чини 15 милиони фунти

Оние кои имаат „вишок“ од 15 милиони фунти и бараат луксузен дом, им се нуди објект во Фулам, Англија, што може да биде токму она што го бараат.

Станува збор за црква која е претворена во луксузен дом и се наоѓа во Фулам во западен Лондон. Надворешноста на црквата е обновена, а внатрешноста е променета и усогласена со современите стандарди. Сепак, остануваат некои оригинални детали како прозорци и високи тавани.

Сепак, сега има затворен базен, кино сала, теретана и слично. Луксузниот дом има шест ката, четири големи спални соби со бањи, гардероба, голема трпезарија, кујна и простории за појадок и прием.

Дел од имотот е прекрасна градина.

Црквата е изградена во 1841 година, а зад проектот стои архитектот Едвард Блор, познат и по Бакингемската палата.

Тековната пазарна цена е 15 милиони фунти.

Претходна Американец влезе во историјата, првиот човек со Даунов синдром кој ја заврши трката во Ајронмен
Следна Електричната Alfa Romeo Giulia GT развива 518 КС

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!