Apple подготвува нов MacBook Pro со M2 чип

Apple работи на нови модели на MacBook Pro кои ќе ги претстави оваа година.

Американските медиуми објавија дека Apple развива нови верзии на основниот MacBook Pro што ќе работи на M2 чипот, но без ProMotion или мини-LED дисплеј.

ProMotion и мини-LED екраните беа достапни за минатогодишните модели на MacBook Pro со процесори M1 Pro и M1 Max, а оваа технологија овозможува стапка на освежување на екранот до 120Hz.

MacBook Pro треба да биде еден од четирите производи што треба да се надградат во 2022 година. Оваа година треба да се освежат и MacBook Air, 24-инчниот iMac и основниот Mac mini.

Покрај Mac, Apple ќе претстави широка колекција на нови производи во 2022 година, а вклучува iPhone SE 3, iPhone 14, Apple Watch Series 8, како и нови модели iPad Pro и iPad Air.

Американскиот технолошки гигант допрва треба да го објави официјалниот датум на својот следен настан, а шпекулациите велат дека тоа е почетокот на март.

Претходна Класичниот Land Rover Defender го доби електричниот погон на Tesla
Следна Четири навики кои жените не сакаат да ги толерираат

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!