Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

Апликацијата МојДДВ со која се врши скенирање на фискални сметки за поврат на ДДВ кајфизичките лица, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земјиво кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликацииод локалните даватели на содржини.

Оттаму е нормално што во понудата на AppGallery се најде и апликацијата МојДДВ која во нашата земја веројатно е една од најкористените. Според последните податоци од Управата за јавни приходи, во последното тромесечје, кое заврши на 30 јуни, регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари,односно 5,44 милиони евра.

На крајот на март, апликацијата имаше 262.030 корисници. Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei – AppGallery, сите апликации кои сеподелени во 18 категории, вклучувајќи финансиски, трговски апликации, апликации запатувања и друго, се развиваат со највисоко ниво на безбедност. Галеријата гарантира безбедност на апликацијата преку механизми за верификација и заштита на четири нивоа.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei – AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации. AppGallery обезбедува целосна безбедност и заштита,вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурнотофункционирање на апликацијата. AppGallery нуди оптимизирани апликации кои работат науредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.

Претходна Camila Cabello – Havana | Gustavo Vargas Choreography
Следна Елон Маск вети комплетно автономно возило до крајот на 2020 година

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!