Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата

Вселенското летало на НАСА New Horizons, вчера успешно помина покрај Ултима Туле, и веќе стигнаа првите фотографии од ова небесно тело кое се наоѓа во Куперовиот појас.
Сондата, покрај Ултима Туле, објект оддалечен 6.6 милијарди километри од Земјата, прелета со брзина од 51.500 километри на час и направи 900 фотографии за само неколку секунди на далечина од само 3500 километри.
Со оглед на оддалеченоста на сондата од Земјата и на брзината на пренесување на податоците од 1kB/s, пренесувањето на сите телеметриски податоци и фотографии до Земјата ќе биде завршено во септември 2020 година. Инаку, за илустрација на оддалеченоста, преносот на податоци кој се случува со брзина на светлината, до Земјата стигнува за шест часа.
Засега леталото “јавува” дека сè поминало како што треба и испрати една фотографија која ја објави НАСА, а другите ќе стигнуваат во текот на следните денови и месеци.
Ултима Туле е најдалечниот вселенски објект кој некогаш е истражуван со летало, а на научниците може да им помогне подобро да разберат како настанал Сончевиот Систем, со оглед на тоа дека е речиси недопрен и неизменет од самото негово создавање.
Тие сметаат дека Ултима Туле пред 4,5 милијарди години бил ротирачки облак од мали тела кои почнале да се спојуваат. Научниците претпоставуваат дека двата поголеми објекти постепено се формирале во орбита околу заеднички центар на гравитација и се поврзале во таканаречено контактно бинарно тело.
Должината на планетата изнесува 33 километри и се состои од два топчести објекти, од кои поголемиот е наречен Ултима, а помалиот Туле. Исто така, јасно се гледа дека површината на астероидот има црвена боја.

Претходна Јапонците направија џиновски ранец
Следна Кинеската лунарна сонда Chang'e 4 слета на Месечината и ја испрати првата фотографија

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!