За првпат во САД се испорачани лекови со помош на дрон

За првпат во САД дронови на националната компанија за испорака на пратки УПС испорача лекови до локација на своите клиенти.

Првиот дрон испорачал во двор од приватна куќа, а летот и испораката се случил во петокот во градчето Кери, Северна Каролина, додека вториот дрон на компанијата направил испорака на лекови до дворот на дом за стари лица. Со тоа ги победи сите конкуренти што се надеваа на парче од овој “колач”.

Пакетите кои биле испорачани биле со големина колку кутија за чевли.

Ова се први летови во склоп на програмата која е одобрена од дирекцијата за воздушен сообраќај на САД. Во управата велат дека сеуште се работи на допрецизирање на деталите и правилата за користење наовие дронови во воздушниот простор на државата и дека попрецизни детали се очекуваат во 2021 година.

Компаниите Flight Forward и Matternet потпишаа низа на договори за доставување на биолошки примероци во неколку медицински установи.

Wing, оператор на дронови во сопственост на компанијата на Google, Alphabet, се здружи со ланецот на аптеки Walgreens и Федералните пошти FedEx за домашна достава на лекови во Кристијанбург, Вирџинија.

Патот на дроновите пополека се отвара.

Претходна Причината за човечката моногамија
Следна Со скратување на работната недела до постигнување на поголема продуктивност

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!