Еволуција на женскиот градник низ времињата

Женскиот градник денес го има во најразлични модели, материјали, бои и големини. Спортски, кои се конструирани да издржат голем напор, или нежни и украсени со драги и полудраги камења.
Но, не било отсекогаш така. До пред стотина години жените носеле корсети кои биле страшно неудобни и непрактични.
Зачетоците на женскиот градник потекнуваат од почетокот на минатиот век.
Мери Фелпс Џејкоб потекнувала од богато семејство и нејзиниот социјален живот бил исполнет со секојдневни забави. Гардеробата што во тоа време се носела била тесна и неудобна, особено корсетот. Мери била убава жена со бујни гради и носењето корсет ѝ преставувало кошмар за дишењето поради големиот притисок што корсетот го правел на нејзините гради. Една вечер направила нешто што во тоа време се сметало за радикално. Го отфрлила корсетот и со помош на нејзината слугинка решила да сошие градник со две крпчиња и розева врвка, градник кој ќе ѝ пружи комплетна комоција и слобода.
Од тогаш почнала да работи на дизајн за модерен женски градник кој ќе ги разделува градите на природен начин.
Барањето за патентирање на изумот наречен женски градник го дала на 12 февруари 1914 година, а одобрението го добила на 3 ноември.
Модерниот градник станал популарен во текот на Првата светска војна бидејќи за изработка било потребно многу помалку метална жица, а во тоа време металот бил дефицитарен поради војната.
Модерниот градник им ја олеснил работата и на мажите бидејќи повеќе не требало да им помагаат на жените при облекувањето.
Мери Фелпс Џејкоб не профитирала многу од производството на градници. Таа патентот за градник го продала на компанијата The Warner brothers corset. Наместо бизнисот со градници, таа ја отворила издавачката куќа Black Sun Press која била заслужна за издавање на првите романи на Ернест Хемингвеј, Хенри Милер, Чарлс Буковски и други славни светски писатели.
Како се менувал изгледот на женскиот градник низ десетлетијата погледнете низ сликите.








Претходна Во Египет откриена нова комплетно зачувана пирамида
Следна Однесувањето на жената се менува за време на овулација

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!