Најголемиот затворен водопад на светот

Светски познатиот архитект Moshe Safdie ја проектираше новата зграда на сингапурскиот аеродром Jewel Changi која ќе биде отворена на седумнаесетти април. Завршните работи се пред крај, а највпечатлив детаљ е магичната градина во чиј склоп се наоѓа најголемиот затворен водопад на светот.

Аеродромот Jewel Changi се простира на 130 000 квадратни метри, а изградбата се проценува на 1,2 милијарди долари. Највпечатливиот дел, водопадот Rain vortex има висина од 40 метри.

Невремето во Сингапур е честа појава, па Rain vortex, покрај естетската, ќе има и функција на одведување на 40 000 литри дождовница. Струењето на водата под куполата ќе го лади амбиенталниот воздух, а собраната дождовница ќе биде повторно користена.

Moshe Safdie во интервју ги повика архитектите да работат вакви проекти, со кои поради климатските промени, ќе може да се одговори на екстремните временски ситуации.

Околу водопадот ќе се наоѓа шумска долина со 200 видови растенија. Оваа градина на четири ката ќе биде една од најголемите затворени збирки на растенија во Сингапур.

Аеродромот во Сингапур е седми најфреквентен аеродром во светот и според статистиката, низ него поминале 65,6 милиони патници минатата година.

Претходна Кристијано Роналдо со хет-трик против Атлетико
Следна Alana Campos

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!