За првпат трофеј од Вимблдон и за Кенија

Меѓу земјите кои можат да се пофалат со трофеј од најголемиот тениски турнир во светот е и Кенија откако младата Ангела Окутоји ја освои титулата во конкуренција на двојки за јуниорки.

Многу инспиративна приказна доаѓа од Вимблдон каде Анџела Окутои стана првата Кенијка која го освоила Вимблдон. Оваа 18-годишна тенисерка во пар со Холанѓанката Роуз-Марија Нијкамп ги освои јуниорските двојки.

Комбинацијата Окутоји – Нијкамп ги совлада Канаѓанките Кајла Крос и Викторија Мбоко со резултат 3:6, 6:4 и 11:9.

„Одлично е за мене што станав првиот Кениец што освоил грен слем титула, па дури и играв во финале на Грен слем. Сега можам да ги инспирирам младите тенисери од Кенија и Африка. Им давам верба дека можат истото“, рече таа. е Окутои по освојувањето на трофејот.
Она што е најинтересно од се е што Окутоји никогаш во животот не играла на трева до овој Вимблдон. Таа го имаше своето деби во јуниорски сингл и беше елиминирана во првото коло, но ја освои титулата во двојки.

„Не е важно од каде доаѓаш, се е до верба и сон дали можеш да стигнеш до целта. Сега верувам дека на турнирот ќе имаме уште многу тенисери од Кенија“, додаде талентираната тенисерка.

Окутои истакнува дека веднаш се заљубила во тревата штом дошла на Вимблдон и дека таа може да и стане омилена подлога. По освојувањето на јуниорскиот турнир во двојки, младиот тенисер ќе се насочи кон настапите во сениорска конкуренција.

Претходна Најскапата плажа во Црна Гора
Следна Природни лекови за забоболка

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!