Со скратување на работната недела до постигнување на поголема продуктивност

Сè поголем број на мали компании низ светот се решаваат за скратување на работната недела и тврдат дека со ова постигнале драстично зголемување на продуктивноста.

Така и Мајкрософт во своите канцеларии во Јапонија реши да го примени ова искуство. Летово, Мајкрософт-Јапонија го претстави проектот “Предизвик на работниот век” со кој во петок канцелариите се затворени, а вработените имаат слободен ден. Резултатите што ги добиле биле повеќе од добри. Продуктивноста се зголемила за дури 40 % во однос на истиот период минатата година.

Освен скратувањето на работната недела, менаџерите апелираат состаноците да траат што е можно пократко (не подолго од 30 минути).

Според интерната анкета спроведена во Мајкрософт, дури 90 % проценти од вработените во канцелариите во Јапонија биле задоволни од мерките.

Исто така, се напоменува дека на овој начин се намалува трошокот за електрична енергија.

Планот на Мајкрософт во Јапонија е да апелираат и до другите компании да го применат нивното искуство.

Останува да се видат резултатите.

Претходна За првпат во САД се испорачани лекови со помош на дрон
Следна Aston Martin го претстави својот прв мотоцикл

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!