Зачинете го сексуалниот живот на брз и едноставен начин

 

Според неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот Нотр Дам во Мериленд, мачо мажите имаат подобар сексуален живот. Во студијата, мажите кои постигнале најдобри резултати според стандардизираниот прашалник за мажественост, својот сексуален живот го оцениле речиси како идеален.

“Причина за тоа е што мажественоста е поврзана со самодовербата, а таа помага да се поправи сликата за себе и телесниот имиџ. Вашата ориентираност кон исполнување на цели, високата самодоверба, се многу важни за мажественоста, а сето тоа посебно доаѓа до израз во спалната соба”, објаснува д-р Саманта Даниел, психолог и коавтор на студијата.

Резултатите од истражувањето откриле и дека комуникацијата во врска со сексот е многу важна. Истражувачите нагласуваат дека ако можете да ѝ кажете на вашата партнерка што сакате во кревет, има поголема веројатност вашите желби да бидат задоволени.

Кога на партнерката ѝ ги кажувате своите желби и потреби, правете го тоа во текот на самиот сексуален чин. Имено, според секс-терапевтот Глорија Брејм, повеќето жени сметаат дека “валканите” разговори за време на сексот се екстремно секси.

Затоа, ако сакате да го зачините вашиот сексуален живот, искористете ја моќта на изговорениот збор. Ако сè уште не се чувствувате толку удобно и слободно пред партнерката да зборувате за тоа, на друг начин покажете ѝ го тоа што го сакате, на пример преку звуци (воздишки, стенкање…).

 

Претходна Шкода го претстави најновиот SUV – Kamiq
Следна Фантазирате ли за еротска масажа?

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!