Јапонските научници тестираат идеја стара два века

Група на јапонски научници од универзитетот Шизуока, која работи на конструирање на вселенскиот лифт наскоро ќе го спроведат тестирањето во вселената на мини верзија од лифтот.
Научниците се надеваат дека со помош на кабел долг 10 метри поставен во вселената помеѓу два помали сателити ќе успеат да пратат минијатурен лифт со димензии 6x3x3 см.
Ракетата Х-2Б би требало да ја пренесе целокупната опрема и материјали, а лансирањето се планира за 11 септември од базата Танегашима.
“Станува збор за прв ваков обид во светот со кој ќе го тестираме движењето на лифтот во вселената”, изјави портпаролот на универзитетот, додавајќи дека целиот процес ќе се одвива под надзор на камерите поставени на сателитите.

Концептот на вселенски лифт кој со помош на цврсти сајли би се качувал во висина од повеќе илјади километри до вселенска база поставена во геостационарна орбитa датира уште од предминатиот век. На таа замисла дошол рускиот астронаут Константин Тсојолковски уште 1895 година кога ја здогледал Ајфеловата кула во Париз.
Скороо 100 години подоцна Артур Кларк, британски писател и пронаоѓач, и еден од најпознатите писатели на научна фантастика, ја обновил замислата во книгата “Рајски водоскоци” во 1978 година.
Во моментов целиот тој сон, заради технолошките препреки постои само како теорија.
Сепак една јапонска компанија на целата приказна гледа со оптимизам. Станува збор за компанијата Обајаши која соработува со тимот научници. Нејзините работници работат на изработка на сопствен лифт кој до 2050 година би требало да превезува туристи.
Од компанијата објаснуваат дека имаат намера да постават цврста јаглеродна нано цевка, сајла со структура дваесет пати појака од челик. Кабината на лифтот би се движела благодарение на џиновски шипки со должина од 96000 километри, што е четвртина од оддалеченоста на Земјата од Месечината.

Претходна Несекојдневниот хотел Skylodge Adventure Suits
Следна Новак Ѓоковиќ по третпат го освои US Open

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!