Еве колку пати неделно жените сакаат СЕКС

Ако мислите дека само мажите иницираат секс, се лажете.

Ситуацијата се промени. И жените го прават тоа.

Една нова студија покажа дека дури 75 отсто од жените сакаат секс најмалку три пати неделно.

Анкетирани биле над 5.000 жени, од кои 46,8 отсто биле задоволни од својот сексуален живот.

Кога станува збор за оргазмот, околу 38,6 отсто од жените кулминираат барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 отсто од нив често, 16,2 отсто повремено и 10,2 отсто имаат редовни повеќекратни оргазми. Само 8,4 отсто од жените ретко доживуваат оргазам за време на секс со партнерот, а само 2,8 отсто никогаш.

Се покажа и кои негативни фактори имаат најголемо влијание врз сексуалниот живот на жените:

  • Стрес (39,2 проценти)
  • Лоши односи со партнерот (28,2 проценти)
  • Несигурност поради физичкиот изглед (20 проценти) i
  • Грижа за мали деца (11,8 проценти).

Студијата потврдила и дека најважна работа за жените за добар секс е емотивната поврзаност, односно постоењето на меѓусебни чувства. Така мислат 53,2 отсто од жените, додека 23,6 отсто од нив ја гледаат предиграта како клуч за се.

Други фактори вклучуваат комуникација (10,4 проценти), редовна сексуална активност (7 проценти), воведување новина и различност (4 проценти).

Претходна Никол Ман стана првата Индијанка во вселената
Следна Менхарт го нуди Tesla Model 3

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!