Елон Маск вети комплетно автономно возило до крајот на 2020 година

Елон Муск, сопственик на „Тесла“, изјави дека овој производител на електрични автомобили ќе произведе целосно автономно возило што ќе вози без возач до крајот на годината.

Би-Би-Си пишува дека Муск веќе е многу близу до постигнување на наведената цел, имајќи предвид дека автономниот автомобил на Тесла е на второто ниво од постојните пет, што значи дека од возачот се бара да остане буден и подготвен да реагира со рацете на воланот.

Сепак, следното ажурирање на софтверот може да ја активира целосната автономија на автомобилот, што вклучува ниво пет, но без новиот хардвер. Ова петто ниво всушност подразбира целосно автономно возило во кое не е потребно присуство на возач.

Обраќајќи се преку видео на Светската конференција за вештачка интелигенција во Шангај, Муск рече дека е крајно уверен дека наскоро ќе се произведе целосно автономно возило.

“Чувствувам дека сме многу блиски до таа цел. Останувам убеден дека оваа година ќе ја имаме основната функционалност за автономија на автомобилите на петто ниво. Не остануваме со основни предизвици, туку мали проблеми што треба да се решат и да го составиме целиот систем”, рече Муск.

Маск повеќе пати даваше смели прогнози низ годините, ветувајќи најпрво целосно автономно возило во 2018 година, но подоцна го префрли рокот за почетокот на 2020 година.

Автомобилите на „Тесла“ веќе се делумно автономни, но аналитичарите сметаат дека производството на целосно автономни возила наидува на значителни правни и регулаторни пречки.

Минатата недела Тесла достигна најголема вредност од сите компании во автомобилскиот сектор на берзата, надминувајќи ја Тојота, иако компанијата на „Муск“ продава далеку помалку автомобили од јапонскиот конкурент.

Вредноста на Тесла на Њујоршката берза надмина 224 милијарди долари.

Претходна Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei
Следна Играчите на Pokemon Go за 4 години потрошиле скоро 4 милијарди долари

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!