Милијардерот Ричард Бренсон ќе ја истражува светската мистерија – Големата Сина дупка кај Белизе

Ричард Бренсон e милијардер, филантроп, основач на Virgin Records, сопственик на Virgin Galactic и еден од најбогатите луѓе на планетата. Покрај истражувањето на вселената, реши да ги истражува и океаните. Бренсон кој со години го води Ocean Unite ќе му се придружи на Фабијан Кусто, внукот на познатиот истражувач на океаните Жак Кусто и заедно ќе ја истражуваат мистеријата на сината дупка во океанот кај Белизе.
На екипата на Брансон и Кусто ќе им се придружи и здружението Aquatica.
Експедицијата Blue Hole Belize 2018 ќе биде емитувана во живо на каналот Дискавери.
Големата Сина дупка никогаш комплетно не била мапирана и идејата на оваа експедиција е да се дадат одговори за тоа што има на дното на оваа таинствена пештера.
Тимот на истражувачи ќе има и посебно осветлување кое ќе им овозможи да го видат и доживеат тоа што е на дното на пештерата. На располагање ќе им бидат и два помошни брода што ќе им овозможат комплетна логистика.
Големата Сина дупка е нешто за кое истражувачите веруваат дека претставува најдлабока дупка од овој тип на светот. Оддалечена е 100 километри од Белизе, широка е скоро 300 метри, а длабока скоро 125 метри.
Се верува дека некогаш била голема пештера, но како што океаните почнале да растат пештерата е наполнета со вода создавајќи голема подводна пештера.
Големата Сина дупка е заштитена од UNESCO и претставува дел од големиот корален гребен кај Белизе.

Претходна Четири луксузни куќи на богати и славни
Следна Осумгодишно девојче од Јапонија е новата интернет ѕвезда

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!