Играчите на Pokemon Go за 4 години потрошиле скоро 4 милијарди долари

Четири години откако играта Покемон Го го освои светот, се лиферуваат информации дека играчите потрошиле скоро 4 милијарди долари.

Играта е бесплатна и се заснова на оригиналната видео игра и соодветниот цртан филм, а кога се појави, таа за брзо време стана голем хит. До март 2019 година, беа забележани милијарди преземања.

Играта е креирана од Niantic и започна во 2016 година, а подразбира пребарување на Pokemon во реалниот свет користејќи паметни телефони и VR технологија. Оттогаш, играчите патувале вкупно 23 милијарди километри за да пронајдат измислени ликови. За споредба, Плутон е оддалечен 4,43 милијарди километри.

Сепак, има и податоци дека во период од четири години, до јули 2020 година, играчите во играта потрошиле 3,6 милијарди долари.

Минатата година беше рекорд за играта, која заработи 906 милиони долари ширум светот. Тоа е значително повеќе отколку во 2016 година, кога во првите шест месеци од своето постоење заработи 832,5 милиони долари.

Оваа година и покрај воведеното карантин заради пандемијата на коронавирус, играта заработи 445,3 милиони долари, а минатогодишниот рекорд беше срушен, пишува Russia Today.

Претходна Елон Маск вети комплетно автономно возило до крајот на 2020 година
Следна УЕФА реши сите натпревари да се играат без присуство на навивачи на трибините

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!