Погрешни навики кои го успоруваат нашиот метаболизам

Успорувањето на метаболизмот, е за жал, неизбежно со годините, а со лошите навики дополнително го успоруваме. Со менувањето на навиките не само што можеме да го убрзаме метаболизмот, туку ќе имаме и повеќе енергија и целиот организам ќе го осети бенефитот од нив.

Прескокнување на доручекот. Нутритивно богатиот појадок е одличен почеток на денот. За време на ноќното спиење метаболизмот се успорува, а со правилна исхрана се забрзува. На тој начин во текот на денот ќе потрошите повеќе калории. Со утринскиот оброк на телото му праќате порака дека ќе добие доволно калории во текот на денот, а со прескокнување на појадокот телото добива сигнал дека калориите треба да ги складира наместо да ги согори.

Погрешен доручек. Иако појадокот е најважниот оброк во денот, не е важно само кога јадеме, туку и што јадеме. Крофна преполна со шеќер или колаче на пат кон работа не се најдобра опција. Подобро да земете лесен оброк богат со протеини и влакна како што се јајца, јогурт во кој може да додадете овошје, тост со леб од цело зрно и путер од кикирики.

Долго седење. Долготрајното седење е секојдневие на многу луѓе. Заради долгото седење телото ја складира енергијата, а поради тоа страда метаболизмот. Успорувањето на метаболизмот се гледа преку неможноста на телото да го регулира шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Погрешен избор на вежби. Кардиотренинзите се одлични за согорување калории, но имаат краткотрајно дејство. По завршувањето на вежбањето, брзината со која телото ги согорува калориите се враќа на старо. Подобро е да се комбинираат кардиоваскуларни вежби и вежби за сила, бидејќи така телото забрзано согорува калории сè додека трае периодот на опоравување на мускулите, а не само додека трае вежбањето. Со кардиотренингот се редуцира масното ткиво, а со вежбите за мускулатура ги градиме мускулите. Колку е поголема мускулната маса, толку е побрз метаболизмот.

Премал внес на протеини. Овој дел се надоврзува на вежбањето. Протеините ги градат мускулите и се неопходни за одржување на здрава телесна тежина. За разградување и апсорпција на протеините телото троши повеќе енергија отколку за разградување на мастите и јаглените хидрати.

Премалку спиење. Сонот е еднакво важен и за мозокот и за телото. Иако за време на спиењето метаболизмот се успорува, квалитетното спиење долгорочно го забрзува. Притоа треба да имате на ум дека премногу спиење е еднакво штетно како и премалку. Затоа треба да создадете рутина на спиење и да се придржувате до неа.

Премалку вода. Иако сите знаеме за важноста на течностите за организмот, добро е да се потсетиме. Со внесувањето течности не само што го хидрираме телото, туку и го забрзуваме метаболизмот. Навиката за редовно пиење вода најлесно ќе ја усвоите ако секогаш до себе имате шише со вода.

Стрес. Кога сме под стрес телото произведува кортизол (хормон на стресот). Тој доведува до зголемување на апетитот, заради што често посегнуваме по нездрава храна, со што се намалува волјата за вежбање и квалитетот на спиењето, и така влегуваме во волшебен круг на лош метаболизам.

Претходна Што никогаш не смеете да кажете за време на секс-игрите
Следна Sia – Chandelier

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!