Fiat го претстави Tipo Cross

Новата верзија на Tipo е повисока за 70 мм од стандардната, а исто така доби и заштита од шасија, моделирана според примерот на сите теренци. Присутни се и кровните носачи, а Tipo Cross има и поголеми гуми. Fiat рече дека благодарение на промените во дизајнот, автомобилот има уште поробустен изглед. Гореспоменатите поголеми гуми и калибрираната суспензија базирана на онаа што го користи кросоверот 500X придонесуваат за зголемено растојание од подлогата.

Одлуката за производство на моделот Tipo Cross го следеше успехот на Panda Cross и токму овој модел и помогна на Панда да привлече нови, помлади клиенти.

Fiat исто така го освежи дизајнот на хечбекот и караванот, а сите три модели имаат нова предна решетка во која се наоѓа испечатено името на компанијата наместо традиционалното лого. Новото лого за прв пат беше видено на концептот „Чентовенти“ на салонот во Женева во 2019 година.

Изгледот на комплетниот преден дел е исто така променет благодарение на новите браници и светла, а LED технологијата е стандардна. На располагање се тркала од 16 и 17 инчи.

Tipo исто така доби нов 7.0-инчен дигитален инструмент кластер наместо аналоген, а има и екран на системот за инфо-забава со екран осетлив на допир од 10,25 инчи. Се одликува со најновиот систем на Fiat, Uconnect5, кој дебитираше во електричниот модел 500.

Исто така, Tipo ќе биде достапен со палета на бензински и дизел мотори, а се очекува и благ хибриден погон од Panda и Model 500. Се состои од 1,0-литарски бензинец и 12V електричен мотор.

Во Европа, Tipo Cross ќе се нуди со два пакети опрема, додека купувачите на други модели ќе можат да избираат помеѓу три пакувања.

Цените сè уште не се познати.

Претходна Експертите укажуваат на грешките што ги правите при употреба на средства за дезинфекција
Следна Ford Focus RS RX се продаде за 200.000 долари

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!