Електрична реинкарнација на BMW од средината на минатиот век

“Isette”, малиот автомобил на BMW од педесеттите години на минатиот век, се реинкарнираше во малото електрично возило “Microlino”.
Швајцарската компанија Micro Mobility создаде микро автомобил кој е реинкарнација на микро автомобилот на BMW од минатиот век со име “Isette”. Објавената цена е 12.650 евра, и за таа цена веќе се најавени 8000 купувачи. Најмногу купувачи се пријавени од Германија и Швајцарија.
“Microlino” ќе го придвижува електромотор со моќност од 15 kw, и ќе постојат две верзии на батерии, една од 8 kw/h, со автономија од 120 километри, и една од 14,4 kw/h, со автономија од 215 километри со едно полнење.
Најголемата брзина што микро-автомобилот тежoк 450 килограми ќе може да ја постигне е 90 km/h.
Micro Mobility најави дека тест-производството ќе започне идниот месец, а до декември би требало да започне и сериското производство.
“Microlino” ќе се составува во погоните на компанијата Tazzari во Италија, која веќе и се бави со изработка на електрични автомобили и е сопственик на 50% од Micro Mobility.

Претходна Лесна победа на РК Работнички на првиот натпревар од Првата македонска ракометна лига
Следна Bugatti го пензионира својот турбо бензинец W16

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!