Volkswagen Golf GTI TCR и Hyundai i30 N Performance на тркачка патека покажуваат кој е подобар тркач?

Одговорот на ова прашање може да се добие само во двобој на тркачка патека, во кој ќе се видат предностите и мааните на учесниците.

Според техничките спецификации од Volkswagen, нивната најнова верзија од Golf GTI TCR има дволитрен турбобензинец со моќност од 290 коњски сили која на предните тркала се пренесува преку DSG автоматски менувач со 7 степени на пренос. Од 0-100 km/h забрзува за 5,6 секунди и има најголема брзина од 260 km/h.

Вториот учесник во двобојот на тркачката патека е Hyundai i30 N Performance, кој според техничката спецификација, има исто така дволитрен турбобензинец со малку помала сила од 275 коњски сили, кој силата ја пренесува преку мануелен менувач со 6 степени на пренос. До 100 km/h забрзува за 6,1 секунди и постигнува наjголема брзина од 250 km/h.

Кој ќе биде побрз погледнете во видеото.

Претходна Laura Gutierrez
Следна Интересен начин на добивање енергија од паѓање на снег

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!