Интересен начин на добивање енергија од паѓање на снег

Научници од американскиот универзитет UCLA развија уред со назив snow-based TENG или трибоелектричен наногенератор базиран на снег, кој е во состојба да создава енергија од еден сосема нов обновлив извор на енергија, снег. Трибоелектричниот ефект во овој процес е позната работа и се однесува на добивање на енергија од триење. На пример, со дробење на кристален шеќер се создаваат мали електрични празнења кои може да се видат како слаба сина светлина. Во некои научни лаборатории тој начин на добивање на струја се користи за развој на облека од посебни полимери, кои некогаш во иднината ќе ни ги напојуваат електронските додатоци со енергија со самото тоа што ги носиме и се движиме со нив.

Во овој случај, научниците трибоелектричниот ефект го искористиле на тој начин што снегот кој е позитивно електризиран паѓа на силикон кој е негативно електризиран, со што се создава статички електрицитет.

Во својот научен труд го опишуваат TENG генераторот кој создава електрицитет со интеракција меѓу материјал што ги фаќа електроните со друга која ги предава. Синтетичкиот материјал кој се состои од атоми на силициум и кислород во комбинација со јаглерод, водород и други елементи негативно е електризиран, така што кога снегот паѓа и доаѓа во контакт со материјалот генерира струја која уредот ја собира и ја праќа до уредите што треба да се напојуваат.

Генератор од тој тип би можел во иднина да се користи за напојување на различни уреди кои се мобилни или сензори, но и да се интегрираат во сончеви колектори за подрачја каде континуирано паѓа снег, и со тоа би се подобрила ефикасноста на колекторите.

Претходна Volkswagen Golf GTI TCR и Hyundai i30 N Performance на тркачка патека покажуваат кој е подобар тркач?
Следна Tрикови со кои ќе заштедите пари при вашите патувања

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!