Обилниот појадок ви овозможува да согорите двојно повеќе калории

Обилен појадок наместо обилна вечера може да спречи дебелина и висок шеќер во крвта. Ова се резултатите од неодамна завршената студија на „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“.

Студијата е спроведена на 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и калорична вечера, а во втората фаза од студијата го направиле спротивното.

Авторот на студијата, др.Јулијане Рихтер од Универзитетот во Лубек во Германија ги објасни резултатите од студијата.

„Резултатите покажуваат дека оброкот изеден за појадок, без оглед на количината на калории што го содржи, создава двојно повеќе термогенеза предизвикана од храна отколку истиот оброк консумиран за вечера“, рече таа.

Покрај два и пол пати побрза потрошувачка на калории кај луѓето кои консумираат калоричен појадок и нискокалорична вечера, покачениот шеќер во крвта и инсулинот предизвикан од храна се намалени по појадокот во споредба со вечерата.

Резултатите исто така открија врска помеѓу конзумирањето нискокалоричен појадок и зголемениот апетит во текот на денот, а особено желбата за слатки.

Претходна Мазепин може да остане без болидот во Хас
Следна Новата луксузна мини подморница може да нурка до длабочина од 1.000 метри

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!