Ристо Вуков Рико викендов ќе ја вози првата трка на патеката Муџело во рамките на Порше Карера Купот Италија 2020

Нашиот најперспективен возач и еден од најдобрите македонски автомобилисти Ристо Вуков Рико овој викенд, 18 и 19 јуни, ќе ја вози својата прва трка на патеката Муџело во Италија на стартот на купот Порше Карера Италија 2020 чиј почеток беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.

Македонскиот автомобилист и покрај неизвесноста поради ограничувањата на границите, сепак успеа да замине во Италија и ги извози првите подготвителни кругови на стазата во Муџело со своето возило Порше Карера, тестирајќи го возилото и запознавајќи се со патеката на која настапува утре. Рико седнува во Порше, возило кое е меѓу најспектакуларните во светот на автомобилизмот, што е за него е огромна шанса, но воедно и одговорност.

„Патеката во Муџело е мошне брза, со брзи свиоци. Моето возило беше одлично подготвено и сетирано. Се надевам дека е дојдено времето да го реализирам мојот потенцијал, а воедно сум пресреќен што ќе настапувам во силно и ценето натпреварување, Порше Карера 911 Куп“, истакна Рико по првите кругови што ги ивозе на патеката Муџело.

Македонскиот автомобилист сезонава за првпат ќе вози во рамки на Порше Карера Купот со тимот на ГДЛ Рејсинг со кој склучи договор по успешната ланска сезонаво која ги освои македонскиот шампионат како и Отвореното првенство на Србија, со неговото Југо Хибрид 1150 ццм3. Рико исто така имаше успешен настап и на престижната трка „Галф 12“ што се одржа Јас Марина, во Абу Даби. По овие успеси веднашстигнаа неколку понуди за натпреври во посилен шампионат, од кои се реши за италијанскиот Порше Карера Куп. Ова сезона генерален спонзор на нашиот перспективен автомобилист е Халк Осигурување.

„По освоените титули во Македонија и Србија, преминувам на едно повисоко ниво на кое очекувам достојно да ја претставам нашата земја и да бидам вистински македонски амбасадор меѓу најдобрите возачи во овие рамки. Се надевам дека ќе ја искористам шансата да ги покажам моите возачки квалитети и да и донесам на нашата земја солидни резултати и радости на меѓународно ниво. Време е да го покажам и ослободам мојот потенцијал, правејќи го она за кое сонувам од најмали нозе, уште од моите европски триумфи во картинг. Во новата сезона и новиот старт за мене голема поддршка добив од Халк Осигурување, која се однесува не само за оваа трка, туку за целата сезона,вели Вуков.

Во сабота е првата трка со почеток од 16:00 часот, а истата ќе оди во директен пренос на МТВ, како и во недела кога започнува од 9:50 часот.

Претходна Корола Крос – наскоро новиот СУВ на Тојота
Следна Клоп со уникатна порака за навивачите на Ливерпул

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!