Nissan Patrol Nismo на Manhart развива 650 КС

Шестата генерација на моделот Patrol на Nissan постои речиси 13 години, но тјунинг компанија сепак му го даде внимание што дефинитивно го заслужува.

Станува збор за Manhart, германски тјунер кој се прослави со проекти базирани на модели на BMW, но се повеќе ја проширува својата понуда. Досега видовме тјунирани верзии на Defender, Audi RS3 и AMG SL модел, меѓутоа, по серијата европски автомобили, Manhart се посвети на еден „јапонец“.

За проектот, германскиот тјунер избра помоќна верзија на Nismo која датира од 2015 година и беше редизајнирана на почетокот на минатата година. Теренецот со високи перформанси го започна животот како подобрен модел и доби огромни бандажи од 24 инчи. Исто така, тој е спуштен и изгледа по „опасно“.

Теренецот сè уште е придвижуван од 5,6-литарски V8 мотор, но повеќе не е атмосферски бидејќи Manhart инсталираше компресор и ја зголеми моќноста на 650 КС и 600 Nm вртежен момент од стандардните 428 КС и 560 Nm. Силата се пренесува на двете оски преку седумстепен автоматски менувач. Patrol Nismo сега има нов издувен систем со поагресивен звук.

Нема информации за новата изведба, но познато е дека стандардниот Petrol Nismo од 0 до 100 km/h забрзува за 7,3 секунди. Ако тоа не изгледа импресивно, тогаш треба да се запомни дека тежи 2.665 килограми.

Надворешноста и внатрешноста се карактеризираат со црна и темна тема, а Манхарт ја прекри кабината со кожа и алкантара.

Претходна Ѓоковиќ во финалето го победи Чилиќ и ја освои 89-та АТП титула во кариерата
Следна Неверојатниот Халанд против Јунајтед постави рекорд кој ретко кој некогаш ќе го собори

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!