Ѓоковиќ во финалето го победи Чилиќ и ја освои 89-та АТП титула во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои АТП турнирот во Тел Авив откако во финалниот меч го совлада Хрватот Марин Чилиќ со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).

Во мечот кој траеше час и половина, доволен му беше по еден брејк во двата сета за победа на Ѓоковиќ. Во првиот сет тоа го направи во четвртиот гем, до почетокот на вториот веднаш му го одзеде сервисот на ривалот и сигурно го приведе мечот до крај.

За најдобриот светски тенисер тоа е 89. АТП титула во кариерата, додека Чилиќ досега има освоено 20 турнири.

Ѓоковиќ и Чилиќ во своите кариери одиграа 21 дуел, а предност има Новак, кој победи 19 пати.

Инаку, Новак првпат одигра турнир по освојувањето на Вимблдон, а впечаток е дека речиси два ипол месеци пауза не влијаеше на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Претходна Почина американскиот рапер Кулио
Следна Nissan Patrol Nismo на Manhart развива 650 КС

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!