Уникатен кабриолет MINI Cooper SE

Иднината на брендот MINI е електрична, а новиот уникатен Cooper SE Convertible покажува како размислува компанијата додека се движи напред.

Станува збор за уникатен и целосно функционален концепт со електричен мотор кој развива 181 КС и 270 Nm вртежен момент, што му овозможува да забрза од 0 до 100 km/h за 7,7 секунди. Се проценува дека досегот на кабриолетот е 230 километри.

Cooper SE Convertible ги дели димензиите со постоечкиот Cooper S Convertible модел и има волумен на багажникот од 160 литри, а во внатрешноста се уште има место за четири патници.

Преклопениот покрив се отвора и затвора за 18 секунди, а овој процес може да се изведе со брзина до 30 km/h. Возачот може да избере три опции за покривот, и тоа отворен, затворен и подвижен покрив.

Конепт ќе го има своето деби во САД за време на настанот MINI Takes the States, кој всушност е возење од Бурлингтон, Вермонт до Гринвил-Спатенбург, Јужна Каролина.

MINI моментално подготвува нова генерација на електричниот Cooper. Овој нов модел наводно нема да има ништо заедничко со конвенционалната верзија, а вкупната должина ќе биде малку пократка и покрај подолгото меѓуоскино растојание. Електричниот мотор се очекува да испорачува до 200 КС.

Електричното семејство на MINI треба да добие нов член, кој е електричен кросовер. Се шпекулира дека името Пејсмен ќе биде оживеано, но дека ќе биде автомобил со пет врати за разлика од оригиналната итерација со три врати.

Претходна Сеск Фабрегас ги изненади сите со изборот на нов клуб
Следна „Суперхрана“ што треба да ги јадете секој ден

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!