Места во Турција кои мора да ги посетите

Првите работи кои ни паѓаат на ум кога ќе се спомене посета на Турција, најчесто се Кападокија и шарените балони како летаат во воздух, или Шарената џамија во Истанбул. Но Турција има повеќе од тоа.
Еве неколку локации што не се најпознати, а се убави да се видат.

  • Памуккале. Во превод значи “тврдина од памук”.  Преставува мало местенце кое UNESCO го има ставено под своја заштита. Овој комплекс на единствени минерални извори се наоѓа во југозападниот дел на Турција, во близина на градот Денизли. Локалитетот се состои од топли извори кои создаваат необични форми на топли терасести базени, што настанале со прелевање и таложење на минерали.
  • Кониа. Преставува главен град на истоимената покраина, која е најголема по површина во Турција. Според последните податоци Кониа е седми град во Турција по број на жители. Старото латинско име му е Iconium, кој според Новиот завет го посетил Свети Павле. Исто така според легендите грчкиот филозоф Платон е погребан во Iconium, денешно Кониа.
  • Селџук. Град на крајниот запад на Турција, во јужниот дел на покраината Измир. Според податоци од 2008 година има 28.000 жители. Населувањето на ова подрачје датира 3.000 години пред нашата ера. Градот Селџук своето прво име го добил од Грците и се викал Агиос Теологос, за подоцна Турците да го наречат Ајасолук. Името Селџук го добива го добива по Селџуците кои го освојувале тоа подрачје во XII век.
  • Ефес. Антички град на западниот брег на Мала Азија, на местото каде што некогаш бил сливот на реката Каистрос. Се состои од низа на населби кои го следеле брегот и се повлекувале кон брегот во периодот од хеленизмот до римското доба. Древниот Ефес е пример за римски пристанишен град со морски канал. Запишан е во UNESCO во 2015 година.
Претходна Интензивен тренинг од само 4 минути дава одлични резултати
Следна Црвена јабука, Црнила ремикс и летно кино на отворено на „Summerland” 2019

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!