Jesko, новиот модел на Koenigsegg е распродаден за само неколку дена

Сите планирани 125 модели на ултрабрзиот автомобил на Koenigsegg со име Jesko,  се распродадени за само неколку дена. Иако се планира производството да почне на почетокот на следната година, сите 125 примероци си добија сопственици.

Шведската автомобилска компанија со право е задоволна од сработеното. Иако Jesko е промотивно прикажан на саемот во Женева, дури 83 примероци се продадени пред актуелната промоција.

Цената на ултрабрзиот Jesko е 2,43 милиони евра.

Производството ќе започне на почетокот од следната година, а во компанијата планираат да произведуваат по еден автомобил неделно.

Купувачите ќе имаат можност да бираат помеѓу верзиите Track и Top Speed.

Спортскиот двосед ќе го придвижува петлитарски V8 мотор кој во комбинација со горивото Е-85 добива 1600 ks.

Се очекува да достигне 483 km/h и да биде најбрзиот автомобил кој може да се користи на јавните патишта.

Претходна Porsche Taycan Cross Turismo пристигнува во 2020 година
Следна Мајк Траут стана најплатениот спортист на светот со договор од 430 милиони долари

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Don`t copy text!