Првиот примерок на моделот Bizzarrini 5300 GT Corsa Revival, кој беше инспириран од победникот на Ле Ман од 1965 година, ја напушти фабриката и беше доставен до купувачот.
Првиот од само 24 планирани примероци на моделот 5300 GT Corsa Revival е завршен и го доби својот дом, а производството на останатите 23 ќе биде завршено во текот на 2023 година.
Станува збор за автомобил придвижуван од 5,3-литарски V8 мотор кој развива 400 КС и тежи 1.250 килограми. Карбонската шасија не е од времето кога автомобилот првпат се појавил, но моторот е.
„Нашиот тим е неверојатно горд што првиот 5300 GT Corsa Revival ја напушти фабриката и стигна до својот сопственик. Го лансиравме Bizzarrini претходно оваа година како почеток на долгорочна визија, така што првата испорака на клиентите е важен чекор кон реализација на тоа визија. Продолжуваме да ги произведуваме останатите серии и да се надоврзуваме на страста и вредностите на основачите“, рече директорот на компанијата Сајмон Базби.