Лондонскиот музеј ќе и врати на Нигерија 72 артефакти украдени во 19 век

Лондонскиот музеј Хорниман ќе и врати на Нигерија 72 артефакти кои биле украдени од Кралството Бенин во 19 век. Сопственоста на артефактите ќе биде доверена на нигериската влада.

Вкупно 72 артефакти ќе бидат вратени во Нигерија, вклучително и 12 месингани чинии познати како Бенински бронзи, месинган петел и клуч од кралската палата. Враќањето уследи по барање на нигериската национална комисија за музеи и споменици.

Музејот, кој се наоѓа во југоисточен Лондон, рече дека одлуката е донесена по консултации со заедницата, посетителите, учениците, научниците, експертите за наследство и уметниците од Нигерија и Велика Британија. Тие рекоа дека враќањето на предметот е морален потег.

„Постојат јасни докази дека овие предмети се добиени насилно, а надворешните консултации го поддржаа нашиот став дека е морално и соодветно да се врати сопственоста на предметите на Нигерија“, рече Ева Салмон, директорка на музејот.

Претходна Нов Зеланд – зелени острови
Следна Bizzarrini го изгради првиот примерок на моделот 5300 GT Corsa Revival

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!