Легендарниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас изненади со изборот на нов клуб откако реши да премине во редовите на италијанскиот второлигаш Комо.
По заминувањето од Монако, Фабрегас (35) дури размислуваше да стави крај на својата блескава фудбалска кариера, но реши да се пресели во Комо.
Водечкиот човек на Комо е поранешниот капитен на Челзи, Денис Вајз, кој го убедил да дојде, а Фабрегас одбил финансиски поголема понуда од Обединетите Арапски Емирати да го облече дресот на италијанскиот второлигаш.
Фабрегас, кој играше 110 пати за Шпанија, одлучи да потпише двегодишен договор со Комо.