Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили

Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили на американскиот пазар ќе се појави во 2020 година со подобрена шасија, аеродинамика и со нов мотор.

GT 500 ќе го придвижува рашно изработен 5,5 литарски V8 мотор со суперполнач и огромна моќ од 760 коњски сили и вртежен момент од 847 њутн метри и ќе биде најјакиот продукциски V8 мотор со суперполнач на светот.

Силата ќе се пренесува со автоматски менувач со 7 степени на пренос и на задните тркала ќе се праќа со карбонско вратило, а промената на брзината ќе се служува за неверојатни 100 милисекунди.

Сите спецификации не се сеуште објавени, но се знае дека забрзувањето од 0-100 км/ч ќе биде за околу 3 секунди.

GT 500 ќе биде опремен со лесни спирали, активни амортизери, сопирачки од брендот Брембо, Мишелин Пилот Спорт 4С гуми. Исто така ќе го има line-lock системот кој ќе ги блокира предните тркала и ќе му овозможи на возачот да ги “запали” задните гуми. Од Форд подготвија и пакет за подобрена управливост.

Цената на Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили сеуште не е позната.

Претходна Астон Мартин го презентираше новиот хиперавтомобил со име Валхала
Следна Pipistrel Alpha Electro – електричен авион со кој патување од 160 километри чини 5 долари

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!