Oppo претстави подобрена верзија на своите очила AR Glass.
Првиот модел имаше специфичен дизајн за VR очила, но новата верзија, Oppo AR Glass 2021, многу повеќе наликува на стандардни очила.
Новите очила се 75 проценти полесни од претходните, и тие се поврзуваат со мобилниот телефон Find X2 Pro користејќи USB-C на USB-C кабел. Резултатот е големо подобрување на перформансите благодарение на процесорот Snapdragon 865 на Qualcomm.
Новото оптичко решение го зголемува контрастот за 53 проценти, осветленоста до 98 проценти и пикселите за 40 проценти. Очилата имаат вграден OLED екран од 0,71 инчи чија светлина се прекршува кон окото со помош на спектроскоп.
AR Glass 2021 исто така имаат голем звучник и уникатен полуотворен акустичен дизајн. Ова значи дека корисникот го доживува искуството со домашно кино како да гледа 90-инчен екран од растојание од 3 метри.
Кога очилата се споени со мобилен телефон, неговиот екран може да се користи како тачпад.
Очилата може да се користат за AR стриминг преку Интернет и за локални HD видеа кои обезбедуваат кино искуство, за AR игри, виртуелно уредување на мебел во домот, како и за создавање AR фотографии истовремено со користење виртуелни и реални сцени со помош на RGB камери. Очилата имаат и камери за очи, за препознавање на движењата на рацете и ToF сензор.
Програмата за развој на Opp’s AR започнува следната година.