Слушањето музика на работното место е корисно и здраво

Многумина на своите работни места слушаат музика и тоа го прават од најразлични причини. На некои им помага денот да им помине побрзо и поедноставно, на други музиката им помага да се концентрираат, трети пак со тоа ги елиминираат звуците од околината што им пречат.

Работодавачите пак, најчесто не се сложуваат со тоа да се слуша музика додека се работи.

Што велат научниците за ова?

Симон Ритер од Холандскиот универзитет Радбоуд и Сем Фергусон од Австралискиот технички универзитет, спровеле истражување кое покажало дека музиката поттикнува креативно размислување, што значи дека работните позиции што се поврзани со креативност дефинитивно дозволуваат и имаат корист од слушање музика.

Исто така и истражување спроведено на Универзитетот на Мајами покажало дека лицата што слушаат музика додека работат, добиваат креативни идеи и даваат подобри решенија. Слушањето музика, исто така, помага во намалување и во елиминирање на стресот, па научниците препорачуваат за време на работа да се слуша музика, или доколку тоа е забрането, тогаш да се слуша пред почетокот на работата или за време на паузите.

Студија, пак, спроведена на Универзитетот Виндзор во Канада, потврдува дека слушањето музика за време на работењето е корисно. Научниците во ова истражување им дозволиле на испитаниците сами да си изберат каква музика ќе слушаат. Ефектите биле позитивни.

Сите истражувања потврдуваат дека слушањето музика е корисно, а исто така слушањето музика додека се работи во групи ја зголемува поврзаноста на групата, соработката и креативноста, што доведува до поголема продуктивност.

Претходна Mercedes AMG E63 S лимузина со спринтерско срце
Следна Јаткастите плодови ја зголемуваат плодноста и го подобруваат сексуалниот живот на мажите

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!