Славија – новиот проект на студентите на Шкода

Студентите од Академијата Шкода развиваат кабриолет верзија на моделот Скала, кој го именуваа Славија.

Основачите на Шкода, Вацлав Лаурин и Вацлав Климент, започнаа да работат заедно пред 125 години, поправајќи велосипеди кои подоцна ги прадавале под името Славија, поради што студентскиот проект го доби истото име.

Овој месец ќе биде претставена верзија на семеен автомобил без покрив, а тоа ќе биде вкупно седми концепт автомобил, што е резултат на работата на студентите во програмата „Шкода“. Претходните концепти вклучуваат пикап-базиран на Кодијак и кабриолет-базиран на Карок.

Скала Спајдер го развива тим од 20 студенти во седиштето на Шкода во Млада Болеслав под водство на шефот за дизајн Оливер Стефани. Инженерите на Шкода го советуваат тимот за време на овој проект, пишува Autocar.

Скала се појави кон крајот на 2018 година, и ова е првпат хечбекот да се користи како основа за студентски проект. На студентите им беше дадена стандардна верзија на автомобилот и целата слобода да го променат дизајнот и да го прилагодат по нивна желба. Откако се определија за кабриолет, тие се фокусираа на правење на линиите поизразени и на автомобилот да му дадат дополнителна „визуелна динамика“.

Завршениот проект треба да го видиме овој месец.

Првиот студентски концепт беше „Ситијет“, двосед на Ситиго, по што следеше и пикапот Фунстар, базиран на моделот Фабија, потоа Атеро, купе базиран на Рапид, а потоа дојде и електричниот Елемент базиран на моделот Ситиго. Санрог беше конвертибилна верзија на карог, а минатата година го видовме Маунтијаг.

Претходна УЕФА реши сите натпревари да се играат без присуство на навивачи на трибините
Следна Корола Крос – наскоро новиот СУВ на Тојота

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!