Како да имате здрави коски користејќи суперхрана

Во коските се складирани околу 95 % од калциумот на телото. Коските во текот на животот се кршат и повторно се обновуваат, а заради недостаток на калциум и фосфор можат да омекнат, поради што настануваат деформации и тешкотии при движењето.

Затоа е многу важно во организмот да внесеме доволно храна која ќе се погрижи нашите коски да останат цврсти и здрави.

Спанаќ. Најдобра храна за здрави коски. Богат е со витамин К, магнезиум и калциум, а содржи многу малку калории.

Бразилски ореви. Полни се со магнезиум и протеини, одличен извор на селен и делуваат како силен антиоскидант.

Брокула. Содржи многу витамин К, магнезиум, калциум и витамин Ц кој е потребен за апсорпција на калциумот. Може да се јаде и зготвена и сирова.

Семки од тиква. Цинкот, магнезиумот и витаминот К во семките од тиква, помагаат да се одржи минералната густина на коските.

Бадеми. Освен што се полни со магнезиум, бадемите се и одличен извор на протеини. Една шака бадеми содржи иста количина калциум како и мала чаша млеко.

Млеко. Содржи сè што им е потребно на коските: калциум, магнезиум и протеини.

Грав. Најмногу магнезиум и калциум имаат кафеавиот и црниот грав.

Претходна Технолошкиот гигант Сони влегува во светот на автомобилите
Следна Колку луѓе имаат вонбрачни врски?

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!