Две нови појачувања во Вардар пред дуелот со Железничар

Актуелниот првак во СЕХА лигата, Вардар, утре го игра дуелот со дебитантот во лигата Железничар од Ниш. Ќе ги вкрстат копјата со тимот на поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Очекувам подобра игра за разлика од првиот натпревар со Металург, а воедно ни се ближи и почетокот од Лигата на шампионите. Ситуацијата со Игор Карачиќ и со Вуко Борозан е поинаква и доколку денеска добијат дозвола можно е утре да настапат со Железничар, изјави на денешниот прес тренерот на Вардар Роберто Гарсија Парондо.

Веселин Вујовиќ има посебна емотивна врска со Скопје. Врска со играчите на теренот, но и со гледачите на трибините.

Екипа која е предводена од Вујовиќ во Скопје секогаш знае да биде интересна. На тие натпревари мора да сме максимало мотивирани. Треба да покажеме добра игра, напредок во формата и да го одиграме најдоброто од нас во моментов, истакна Тимур Дибиров.

Во првиот дуел од СЕХА лигата Вардар го совлада Металург со 34:28, а Железничар загуби дома од Војводина со 27:20.

Утрешниот дуел се игра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20:15 часот.

Претходна Данската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми
Следна Хрватската игра SCUM со нарачки кои достигнаа 7 милиони долари

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!