Сезоната во Формула 1 заврши

Со трката за Големата награда на Абу Даби заврши сезоната во Формула 1 .

Иако не беше решавачка за титулата како лани, овогодинешната трка во Абу Даби имаше свој шарм.

Уште порано беше јасно дека Макс Верстапен е шампион, а и денеска Холанѓанецот го прослави 15-от пат во сезоната и со тоа возачот на Ред Бул постави рекорд по број на триумфи во една сезона.

Денеска беше донесена одлука и за вицешампионот. Пред оваа трка, Шарл Леклер од Ферари и тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перез имаа ист број на бодови, па одлуката за второто место во поредокот кај возачите беше решена на патеката.

Поуспешен беше Леклер, кој целта ја мина осум и пол секунди зад Верстапен, и нешто повеќе од секунда пред Перез.

Трката во Абу Даби беше последна во кариерата на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, кој го зазеде 10-тото место и освои бод.

Верстапен ја заврши сезоната со 454 поени, Леклерк освои 308, а Перез 305.

Следниот шампионат во Формула 1 започнува со Големата награда на Бахреин на 5 март следната година.

Претходна НАСА очекува во следните десет години луѓе да живеат на Месечината
Следна Изолиран град на Алјаска кој се вклопува во една зграда

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!