За време на топлите денови пијте изотонични пијалоци

Лекарите советуваат дека во летниот период, освен вода, треба да пиете и изотонични пијалоци за да избегнете дехидрација.

Изотоничните пијалоци или популарно наречените „спортски“ пијалоци содржат 40-80 грама јаглени хидрати на литар. Се смета дека овие видови на пијалоци се најефективниот начин за рехидратација за време и после вежбање, но и за време на екстремни горештини.

Изотоничните пијалоци содржат две главни состојки: јаглехидрати кои обезбедуваат „гориво“ за работа на мускулите и натриум, односно сол. Мала количина на натриум помага за забрзување на рехидратацијата, одржува рамнотежа на течности и ги заменува солите изгубени со потење.

Ако пијалокот се опишува како изотоничен, тоа значи дека содржи слични концентрации на сол и шеќер како во човечкото тело. Со други зборови, ќе содржи помеѓу 6 и 8 проценти јаглени хидрати (шеќер). Изотонични пијалоци можете да направите сами дома.

Овошна опција

Потребни состојки:

  • 250 мл вистински овошен сок
  • 250 мл вод
  • прстофат сол

Соединете ги сите состојки, добро измешајте и изладете. При изборот на сок, важно е да не се користи пијалок направен од разредено овошје. Може да земете вистински, 100% сок од портокал.

Мохито

  • сок од половина лимета, околу 20 мл
  • 150 мл сок од јаболко
  • 330 ml вода
  • 1 лажица мед или кафеав шеќер
  • 4 до 6 листови нане
  • прстофат сол

Прво измешајте ги шеќерот/медот и нането, но не кршете ги листовите нане. Потоа додадете сок од јаболко и вода. Сè добро измешајте и изладете, така што напитокот ќе биде готов за пиење. Оваа опција не е толку евтина како претходната, но е вистинска поздрава и побогата алтернатива за вкус.

Лимон и ѓумбир

  • 44 мл сок од лимон
  • парче сиров ѓумбир
  • 450 мл вода
  • 3 лажици мед

Додадете неколку тенки парчиња ѓумбир во голема шолја зовриена вода и оставете го да отстои додека ѓумбирот не го ослободи својот вкус. Отстранете ги парчињата ѓумбир и исцедете го лимонот, а потоа измешајте го медот. Оставете го прво да се излади на собна температура, а потоа изладете го во фрижидер.

Претходна Ducati го претстави електричниот мотоцикл MotoE V21L
Следна Мултитаскинг и како тоа всушност функционира

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!