Привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед

Една стара изрека вели – убавината е во окото на посматрачот. Вистинитоста на изреката се потврдува и со фактот дека една иста личност на некои луѓе им е привлечна, а на други не им е. Зашто е тоа така откриваат истражувања според кои убавината е плитка и минлива, а привлечноста е длабока и трајна.

Според еден од најчестите стереотипи, многумина физичкиот изглед го изедначуваат со пожелните особини на личноста. Овој стереотип е многу невистинит затоа што истражувањата покажуваат дека привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед.

Добар смисол за хумор

Најнапред треба да се спомене хуморот. Добриот смисол за хумор е секако една од најпожелните особини во потрагата за иден партнер. Испитаниците во едно истражување ги окарактеризирале како привлечни лицата кои имаат добар смисол за хумор. Освен тоа, ги сметаат и за подобри партнери на подолг рок.

Екстровертност

Друга особина која многумина ја сметаат за пожелна е друштвениот карактер. Личностите кои се главни во секое друштво се едни од најпожелните потенцијални партнери. Истражувањето покажало дека испитаниците освен што уживаат во друштво на екстровертите и сакаат да бидат во нивна близина, ги сметаат и за привлечни без оглед на нивниот физички изглед.

Добро изразување

Овде станува збор за личности кои со своите интересни приказни и начинот на нивното пренесување го привлекуваат и окупираат вниманието на другите. Многу од испитаниците оваа особина ја сметале за восхитувачка и привлечна. Интересно е тоа што оваа карактеристика им била повеќе важна на жените отколку на мажите.

Ова се само некои од примерите на кој начин внатрешните особини играат голема улога. Што е уште поважно, овие особини се поважни кога се бара долгорочен партнер. Благодарение на ваквите истражувања докажано е дека привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед. Препознавањето на вистинските вредности на особините на личноста ги зголемува шансите за наоѓање на партнер со кој е загарантиран долгиот и здрав однос.

Претходна Озонската обвивка се опоравува
Следна Royole им ги измеша сметките на Samsung и на Huawei

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!