Најлошата навика за консумирање алкохол што го забрзува стареењето на мозокот

Постојат многу причини зошто треба да избегнувате прекумерно консумирање алкохол, а една од нив е особено штетна бидејќи го забрзува стареењето на мозокот.

Имено, во истражувањето, кое е објавено во PLOS Medicine, учествувале 20.965 учесници, чија просечна возраст била 55 години. 2,7 отсто од нив не конзумирале алкохол, додека останатите во просек пиеле повеќе од седум чаши алкохол неделно. Докажано е дека тоа може да биде опасно по здравјето.

„Ако консумирате повеќе од седум чаши алкохол неделно, ќе има акумулација на железо во вашиот мозок, што лошо влијае на вашите когнитивни способности“, вели лекарката Ања Топивала за списанието Eat This, Not That.

Докторката Ема Лејнг потоа додаде дека мозокот е многу чувствителен на зголемено ниво на железо.

„Абнормално високите нивоа на железо во мозокот се поврзани со оксидативниот стрес, што доведува до побрзо оштетување на нервните клетки и нивна смрт, што во суштина е забрзување на стареењето на мозокот“, објасни таа.

Експертите ги советуваат луѓето да пијат една или две чаши вода со секоја чаша алкохол за да го одржат мозокот здрав. Секако, најбезбедна опција е да се префрлите на безалкохолно пиво и слични производи, на кои многу луѓе тешко се навикнуваат.

Претходна Фернандо Алонсо следната година ќе вози за Астон Мартин
Следна Asus го претстави Zenfone 9 кој пристигнува во Европа

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!