Електричните тротинети претставуваат проблем за Париз

Минатата година Париз се соочи со своевиден хаос поврзан со електричните тротинети.

Париз има дури 12 оператори кои управуваат со изнајмувањето на дури 20 000 електрични тротинети на неговата територија, што е повеќе и од САД.

Бројноста влијаеше на многу аспекти на живеењето во градот. Властите се соочија со многу проблеми: расипани тротинети се оставаат напуштени во парковите, се фрлаат дури и во реката, градските тротоари станаа место за пресметување меѓу возачите, пешаците и корисниците на тротинетите.

Градоначалникот на Париз, Ан Идалго, вели дека електричните тротинети западнале во своевидна “сива зона” и како резултат на бројните поплаки и незгоди, градската управа во соработка со полицијата сакаат да воведат мерки кои ќе го регулираат тоа. Една од мерките е ограничување на брзината на 20 км/ч во најголемиот дел од подрачјата, и на 8 км/ч во зоните со густ сообраќај.

Исто така, властите бараат да се забрани оставањето на електричните тротинети на места што не се означени строго за таа намена, да се намали бројот на оператори од 12 на 3 и да се ограничи бројот на тротинети што ќе можат да се изнајмуваат.

Веќе се наплаќаат парични казни од 135 евра за возење и 35 евра за паркирање на тротинет на тротоар.

Претходна Продукти кои ја зајакнуваат ерекцијата
Следна Цирих им обезбедува најквалитетен живот на своите жители

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!