Патиките на Мајкл Џордан се продадени за дури 2,2 милиони долари

Патиките на кошаркарската легенда Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, на аукција достигнаа цена од 2,2 милиони, со што станаа најскапиот пар патики што некогаш биле продадени.

„Денешниот рекорден резултат дополнително докажува дека побарувачката за спортски сувенири на Мајкл Џордан продолжува да ги надминува очекувањата“, рече Брам Вахтер, шеф за колекционерски предмети на Сотби.

Ер Џордан 13 се патики кои Мајкл Џордан ги носеше на вториот натпревар од финалето за време на неговата последна година со Чикаго Булс – честопати нарекуван „последниот танц“ што беше инспирација за истоимената хит серија на Нетфликс.

Облечен во црно-црвени патики, или како што ги нарекуваат Бред во гамата на Ер Џордан, кошаркарот постигна 37 поени во победата на Булс над Јута Џез од 93-88.

Пред овие Џордан патики, титулата за најскапи ја имаа Nike Air Yeezy 1 на Канје Вест, кои беа продадени за 1,8 милиони долари.

Претходна Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари
Следна Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!