Новата луксузна мини подморница може да нурка до длабочина од 1.000 метри

Нуркањето на големи длабочини во проѕирна подморница можеби звучи како сцена од филм за Џејмс Бонд, но благодарение на технолошкиот напредок, ваквите подводни авантури сега се реалност.

Сепак, за навистина да се возите во ваква подморница, мора да имате на располагање милиони долари.

Како голем придонес кон подводниот туризам, луксузна подводна компанија со седиште во Флорида ја испорача првата подморница од акрилен труп за шест лица, која може да достигне длабочина и до 1.000 метри.

Опишан како „салон под морето“, Тритон 3300/6 има најголем про проѕирен простор за патници во светот, со дијаметар од 2,5 метри, што обезбедува импресивен подводен поглед за оние што ќе се најдат во неа.

Внатрешноста на подморницата вреди дури 5,5 милиони долари, а таа е пропорционална на кабината на приватниот авион Cessna Citation CJ2 за шест патници. Овој климатизиран простор може да издржи подводни екскурзии што траат повеќе од десет часа.

Иако беа потребни две години за да се произведе подморницата, претседателот на компанијата Тритон, Патрик Леји, рече дека на неговиот тим му биле потребни десет години да изгради ваква подморница.

“Тоа е многу возбудлив развој, бидејќи сега докажавме дека можеме да произведуваме возила што ќе превезуваат шест лица на длабочина од 1.000 метри. Но, не застануваме тука. Работиме на пловило кое ќе превезува три лица на длабочина поголема од 2.000 метри и продолжуваме со пловилоо што ќе се нурне до 4.000 метри со две лица “, изјави Леји за Си-Ен-Ен.

Претходна Обилниот појадок ви овозможува да согорите двојно повеќе калории
Следна Меси го собори рекордот на Пеле за постигнати голови

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!